Воздухот во Скопје е нездрав

Воздухот што го дишат скопјани, во првите денови од Новата година не е здрав, покажуваат мерните станици поставени низ градот.
Најзагаден е воздухот кај Ректорат, во моментов покажува 180 мг ПМ2,5. Слична е состојбата во Лисиче со мг ПМ2,5, 176 во Гази Баба, со 172 мг ПМ2,5, потоа Центар со 153 мг ПМ2,5. На мапата се обележани со црвено и со предупредување дека воздухот не е здрав за дишење.
Во Миладиновци, обележано е со портокалово и предупредување за чувствителните групи, со 133 ПМ2,5, а Карпош е во жолто со 97 ПМ2,5.
Предвидувањата се дека воздухот дополнително ќе биде загаден попладнево по 18 часот.
Како изгледа Скопје во оовие ведри денови од Водно ќе ви покажат фотографиите на нашиот фотограф Борис Грданоски.
Фото: Б. Грданоски