Возач од Скопје починал откако му се слошило додека возел


Фото: Б. Грданоски

Возач од Скопје почина откако му се слошило додека управувал со своето возило во близина на трговскиот центар „Мавровка“.

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил вчера околу 16 часот, кога на возачот му се слошило, по што возилото застанало во близина на споменикот на „Скендер Бег“.

За денеска се чекаат повеќе информации.