„Вонка“ доминира во трката на бокс офисот за новогодишниот викенд
Приказната за потеклото на Вили Вонка, со Тимоти Шаламе во главната улога, е на пат да заработи 31,8 милиони долари во САД за време на четиридневниот празничен викенд, според Холивуд Репортер.
Овие бројки, наводно, ќе му донесат на мјузиклот во режија на Пол Кинг вкупна заработк од 142 милиони долари до понеделник (1 јануари).
Wonka, кој почна да се прикажува од средината на декември, исто така беше на врвот на бокс офисот минатиот викенд со сума од 39 милиони долари во САД.
Во филмот, адаптираното музичко дело на саканиот роман на Роалд Дал од 1964 година, Чарли и фабриката за чоколади, глуми Шаламе како млад проиводител на бонбони Вили Вонка, со споредна актерска екипа вклучувајќи ги Хју Грант, Оливија Колман, Киган-Мајкл Ки, Кала Лејн, Патерсон Џозеф , Мет Лукас, Сали Хокинс, Роуан Аткинсон и Наташа Ротвел, меѓу другите.
Фокусирајќи се на лирскиот аспект на приказната, режисерот Кинг во септември изјави дека е решен да не го прави филмот „мјузикл каде луѓето си пеат дијалог меѓу себе без никаква забележлива причина. Се чувствував како да е повеќе како филм со песни отколку мјузикл“.
„Вонка“ не е единствениот музички филм што привлекува голем број за време на празничниот викенд. The Color Purple, продуциран од Опра и Стивен Спилберг, се наоѓа на четвртото место на табелата со проценета заработка од 17,7 милиони долари до понеделник, пренесува THR.
„Вонка“ е на репертоарот на Синеплекс во Скопје.