„Волт Дизни“ отпушта 7.000 вработени, голема реорганизација на компанијата


„Волт Дизни“ објави дека медиумскиот конгломерат ќе биде поделен на три посебни единици како дел од неговите планови за реорганизација.

Во тој процес тие ќе отпуштат дури 7.000 луѓе или 3 отсто од вработените, пренесува Телетрејдер.

Компанијата ќе се состои од три дивизии по реорганизацијата, „Дизни ентертејмент“, „ЕСПН“ и единица која вклучува паркови и други производи. Последната одлука ќе ги намали трошоците за 5,5 милијарди долари.

Објавата дојде неколку минути откако Дизни ги објави резултатите од заработката, со што акциите на компанијата се зголемија за речиси 9 отсто.