Воената влада на Израел се распушти: Почна хаосот (Видео)


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја распушти воената влада, која беше формирана по невидениот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година.

Според „Тајмс оф Израел“, Нетанјаху доцна синоќа му рекол на Воениот кабинет, мала група високи функционери од низа партии што беше формирана на 11 октомври за да управува со операциите против Хамас и Хезболах, дека тие се официјално распуштени.

Претседателот на умерената Партија на национално единство, Бени Ганц, еден од тројцата членови на владата, го напушти воениот кабинет минатата недела. Распуштањето се очекуваше откако екстремно десничарскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир побара да биде вклучен во работата на воениот кабинет.

Нетанјаху се очекува да донесе критични одлуки за војната за време на ад хок состаноци со помал број функционери без Бен Гвир и ќе бара одобрение за одлуките од поширокиот безбедносен кабинет, според Тајмс оф Израел.

Антивладините демонстранти ги блокираа автопатите
Истовремено, Израел е потресен од големи антивладини протести. Според локалните медиуми, демонстрантите втор ден по ред блокирале голем број клучни автопати и патишта со своите автомобили. Тие бараат избори, но и постигнување договор за ослободување на заложниците кои Хамас ги зеде за време на нападот на 7 октомври.

За вечерва е најавен голем протест кој треба да се одржи во 19 часот пред израелскиот парламент, Кнесетот, а потоа демонстрантите ќе се упатат кон резиденцијата на премиерот Нетанјаху.

Организаторите на протестот вчера најавија дека целта им е да изнесат еден милион луѓе на улица. Тие бараат Израел да одржи избори пред годишнината на 7 октомври од нападот врз Хамас.