Водителот на ABC News, Џорџ Стефанопулос е позитивен на коронавирус

САД- Водителот на ABC News и поранешен директор за комуникации во Белата куќа, Џорџ Стефанопулос (59) е позитивен на „Ковид-19“.
Стефанопулос ја објави веста вчера во „Добро утро Америка“ и додаде дека нема симптоми.
„Немам треска, немам главоболка, не кашлам и немам остар здив.Се чувствувам одлично“, изјави Стефанопулос.
Дијагнозата, им рече на колегите во програмата АБЦ News, „навистина не е за изненадување“, со оглед на тоа што неговата сопруга, Али Вентворт, веќе неколку дена се бори со болеста. Стефанопулос и неговото семејство веќе неколку дена се во самоизолација.
.