(Во живо) Судење за „Пулс“


Фото: Б. Грданоски

 Со воведни зборови на одбраната денеска во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. 

Родителите на загинатите дојдоа пред судницата во Идризово со транспарент со фотографии на загинатите во пожарот. Транспарентот на кој пишува „16.03.2025. 63 сенки ќе ве следат секој поглед бара правда“, поставен е на надворешната страна од заштитната ограда околу судницата.

Дел од нив упатија сочувство кон семејствата на жртвите и нагласија дека го разбираат обвинението, но,не признаа вина за „тешки дела против општата сигурност“.