(Во живо) Промоција на стратешкиот инвестициски проект „Соларен парк Стипион“
Денеска, премиерот Зоран Заев, заедно со Ерик Ското, претседател на француската компанија „Акуо Енерџи“ како и францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, ќе се обратат по повод реализацијата на стратешкиот инвестициски проект „Соларен парк Стипион“, со капацитет за производство на електрична енергија од 350 до 400 мегавати (MW). Проценетата инвестиција се очекува да биде околу 270 милиони евра.