(Во живо) Папата Франциск служи миса на плоштадот „Македонија“
Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск претпладнево служи миса на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
На мисата присуствуваат околу 15.000 граѓани од земјава, како и верници од странство.
Папата на плоштадот дојде со т.н. „папамобил“, каде што беше пречекан од мноштвото собрајни граѓани.
Поглаварот на Римокатоличката црква претходно имаше средби со државниот врв во „Вила Водно“, а потоа во Спомен куќата на Мајка Тереза се сретна и со лидерите на верските заедници и група граѓани од ранливите категории.
По литургијата папата ќе одржи Екуменска и меѓурелигиска средба со младите во Католичката црква, а потоа и со свештениците и нивните семејства.