(Во живо) „ДМ Бау АГ“ инвестира во индустриската зона во Куманово


Илустрација

Во следните пет години, „ДМ Бау АГ“ ќе инвестира најмалку 7 милиони евра во факбрика во индустриската зоона во близина на Куманово, а ќе вработи и најмалку 200 луше. За ова денеска беше потпишан договор за државна помош во Владата.

– Инвестицискиот план вклучува вложувања во купување на земјиште, целосна изградба на погоните и нивно опремување со машини и опрема за производство на модуларни објекти со различна намена. ДМ Бау Интернационал е дел од групација ДМ Бау – швајцарски производител на модуларни објекти со преку 100 години историја. Покрај производството на ваквите објекти, компанијата се јавува и како изведувач на истите. Со годишен обрт од околу 10 милиони швајцарски франци, над 70 вработени и 30-тина проекти годишно, ДМ Бау се вбројува меѓу најголемите европски производител во овој сегмент – рече премиерот Христијан Мицкоски по потпишувањето на договорот.

Појасни дека станува збор за швајцарска фирма на наш сограѓанин, со потекло од Македонија,  а во моментот  производство се одвива на две локации во Швајцарија, додека плановите за интернационализација и зголемување на капацитетите „ДМ Бау“ ќе се реализираат преку Македонија.

– Во индустриска зона во близина на Куманово, „ДМ Бау Интернационал“ ќе изгради голем комплекс составен од повеќе објекти за производство, монтажа и складирање, со вкупна површина од околу 35.000 метри квадратни под покрив. За таа цел, во 2024 година компанијата купи земјиште со големина од околу 72.000 метри квадратни. Моментално таму се изведуваат првични земјени работи за нивелирање на земјиштето, по што, во текот на 2025 година ќе отпочне изградбата на нивните производни погони – рече Мицкоски.

Прес-конференција на премиерот Христијан Мицкоски по потпишување договор за инвестиција со „ДМ Бау АГ“.