(Во живо) „Дејан не е монструм“ – адвокатката на газдата на „Пулс“ го брани пред судот
Адвокатката на Дејан Јовановски-Деко, газда на „Пулс“ кажа дека тој не е монструм, ниту виновен за трагедијата во која загинаа 63 лица.
„Тешко ми е да го бранам човекот што за сите вас, во вашите очи е убиец, а за мене само еден обичен човек. Еден обичен човек кој колку и да го правите монструозен, тој не е. Тој е човек на кого му падна на товар, институционалната одговорност. Не сме свесни ниту колку локали и моментално функционираат пропуштени од институцинален надзор, кој во конкретниот случај ниту ние немаше да го осазнаеме, ако ја немавме и немарноста на ангажираните музички артисти (ДНК) кои биле ангажирани во локалот на Дејан“, рече адвокатката.
„Дејан е човек, а не монструм. Не сакал тоа да се случи. По оваа трагедија која е последица на долгогодишната непрофесиналност на системот, морам да напоменам дека и јас како човек кој живее во ова општество, барам правно издржана завршница.
Таа го критикуваше обвинителниот акт.
„Ова е најиздржаното обвинение. Говорот на Обвинителството беше поетичен“, додаде таа.
Таа вели дека сите сме израснале и сме ја сакале групата ДНК, но дека тоа не го оправдува фактот дека поставиле пиротехнички средства, кои доведоа до оваа трагедија. Поентира дека ова можело да се случи секаде, на кое и да е место каде ДНК би настапувале.
Адвокатката рече дека и на настапи на други изведувачи се користеле пиротехнички средства, но дека Дејан секогаш ангажирал пиротехничар да ги провери средствата и условите за нивно користење.