Во затвор почина Реџеп Ќерими, осуден на доживотна казна во случајот „Алфа“


Во затворска ќелија е најден починат Реџаил Ќерими, осуден на доживотна затворска казна за напад на полициски „алфи“ во 2008 година кај Природно математичкиот  факултет во Скопје, во кој загина полицаец, а двајца негови колеги беа ранети. За смртта на Ќамили објави неговото семејство од селото Опае. 

За нападот на полицајците на паркингот пред Факултетот, што беше извршен во ноември 2008 година, на доживотна затворска во 2010 година беа осудени Ќерими и Агим Ислами. Во вооружениот напад загина полицаец Албанец, а двајца од неговите колеги Македонци беа ранети.

„Алфа“ е еден од случаите спомнати во преговорите за влез на Алтернатива во Владата, како судски случај кој би требало да се разјасни со анализа на процесот и пресудата со учество на странски правни експерти.

Член на семејството на Ќерими преку социјалните мрежи објави за смртта: „Алах да те награди со рај, вујко мој. Неправедно 14 години ти ја одзедоа слободата, но пред Господ си чист”.

Од МВР за медиумите беше потврдено дека починал затвореник со иницијали Р.Ќ. (52). Медиуми на албански јазик објавија дека според неофицијални информации, смртта била резултат на мозочен удар.