Во врвот на СДСМ доминираат жени
Социјалдемократскиот сојуз под раководство на Венко Филипче се сврте кон моќта на жените.
Заменик-претседател на СДСМ е Фани Каранфиловска-Пановска, три од четворицата потретседатели се жени – Кристина Костова, Каја Шукова и Ана Чупевска.
Централниот одбор на синоќешната седница ги избра членовите на Извршниот одбор како тело кое непосредно треба да ја води партијата. Во него се осум жени и петмина мажи: Ирена Китанова, Лолита Ристова, Рената Младеновска, Александар Трајановски, Александар Арсиќ, Ратко Ајцев, Филип Секуловски, Живка Ангелоска, Белкиса Зеќири, Агрон Демири, Андријана Томовска, Душанка Георгиева-Трпевски и Симона Цветановска.
Беше избран и Надзорниот одбор. Во него размерот на жените е уште поголем: пет наспроти два.
Во новата структура има два организациски секретари и тие двајцата се мажи: Мартин Костовски и Љупчо Фармакоски. Генерален секретар е Александар Димитриевиќ.
Во Централниот одбор, кој го бира конгресот, ситуацијата е малку поинаква. Новиот Централен одбор на СДСМ брои 113 членови. Од нив 63 се мажи, а 50 жени.