Во Украина војна, за Османи е поважно да му прави друштво на Ахмети во Тирана

Наместо да биде на седницата на Советот за безбедност, Бујар Османи заедно со другите министри од ДУИ одбра да биде во Тирана


 

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, придружуван од министри во македонската влада од ДУИ, меѓу кои и министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска во Тирана оствари средба со албанскиот премиер Еди Рама. 

Зачудувачки е што министерот Османи се најде во Тирана кога денеска имаше седница на Советот за бозбедност кај претседателот Стево Пендаровски, на кој се расправаше за сите аспекти околу инвазијата на Русија врз Украина, за безбедноста на македонските граѓани таму. За време на седницата со видеол врска се вклучил и македонскиот амбасадор во Киев, но неговиот министер, Бујар Османи, имаше поважна работа во Тирана отколку најважниот од сите можн светски настани.

„Ти благодрам за сѐ Еди. Со поглед кон хоризонтот на перспективата за интеграција во Европската Унија и со цел продлабочување на соработката меѓу нас, денеска во Тирана братски се сретнавме со премиерот на Република Албанија, Еди Рама“, напиша Ахмети.

Додава дека во фокусот на средбата била „меѓуинституционалната координација за најефикасните проекти за инфраструктурна интерконекција меѓу нас“, како што се: Коридор 8, железничко поврзување по него, „Патот на Арбр“, магистралата од Тирана до преминот Блато, кај Дебар), полесен пристап преку нив до пристаништето Драч, заеднички гранични премини, енергетска врска Битола – Елбасан и многу други.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамките на својата работна посета се сретна со Македонците во Албанија, како и со претставниците на нивните здруженија при што биле разгледани повеќе прашања поврзани со натамошното унапредување на нивниот статус во албанското општество, како и за начините како двете држави, во рамките на својата соработка, можат да го помогнат овој процес.