Во Турција снимен облак што изгледа како од филмот „Вонземјанин“


 

Жителите на Бурса утрово ги изненади необичен розов облак при излегувањето на Сонцето. Иако изгледа како зад себе да грие вонземско летало, сепак се работи за природен феномен.

Леќестите облаци се познати по својот интересен закривен облик, а се формираат повисоко од 2.000 метри, над планини или какви и да се препреки на површината на Земјата.

„Овие чудни облаци знаат да се формираат кога ветрот ќе дува надолу по планината. Наликуваат на летечки тањири од научната фантастика. Се верува дека леќестите облаци се едно од најчестите објаснувања кога ќе се пријави НЛО“, вели британската Метеоролошка служба.

„Кога дува ветар преку планински синџир, понекогаш доаѓа до стварање големи бранови воздух, како брановите во река кога водата тече преку препреки. Ако во воздухот има доволно влага, влезното движење ќе предизвика кондензација водена пареа правејќи единствен изглед на лентикуларни облаци“, велат од таму.

На социјалните мрежи веднаш беа споделени фотографии и видеа со коментари: „Многу интересно, како во филмот „Вонземјанин“.