Во тек е потрага по исчезнати луѓе во пожарите во округот Лос Анџелес
Според последните податоци, 16 лица загинаа во повеќе пожари кои беснеат околу Лос Анџелес, а најмалку 16 лица се водат како исчезнати, изјави денеска шерифот на округот Лос Анџелес Роберт Луна.
Тој на прес-конференција рече дека 12 лица се водат како исчезнати во областа на пожарот Итон и четири во пожарот во предградието на Лос Анџелес, Пацифик Палисајдс.
– За жал, за време на таа потрага лоциравме тројца починати. Како што продолжуваат овие пребарувања, за жал очекувам тие бројки да се зголемат, рече Луна.
Локалните власти предупредија дека бројот на жртвите од пожарите околу Лос Анџелес се очекува да се зголеми бидејќи тимови со кучиња вршат систематски претреси во изгорените населби и е формиран центар каде роднините и пријателите можат да пријават исчезнати луѓе