Во судир со мјанмарската војска загинаа четворица припадници на правојската
Мјанмарската војска во вторникот со огнено оружје и гранати во вториот по големина град се судри со паравојската која се противи на воениот пуч, при што загинаа четворица демонстранти, а неколку војници се повредени, објавија властите.
Борбите низ Мјанмар траат од почетокот на воениот пуч во февруари. Жителите формираа ткн. „одбранбени сили“ за да се спротивстават на бруталниот воен одговор на отпорот, но судирите досега беа само во уралните подрачја.
Силите на безбедност по дојава во вторникот наутро изведоа рација на југот на Мандалај, град во средината на државата, соопшти војската, на што противниците на новите власти возвратија со пукање и гранати.
Некои војници се тешко повредени
„Некои војници се тешко повредени“, во борбите, стои во соопштенито, а се додава дека четворица „терористи“ се убиени, а опсум уапсени поради поседување мини од домашна изработка, гранати и пиштоли.
Масовното востание против воениот пуч кој ја симна владата демократски избрана на Аунг Сан Суу Кји наиде на жесток одговор од војската. Локалните набљудувачки групи тврдат дека се убиени повеќе од 870 цивили.
Аналитичарите веруваат дека стотици противници на пучот од мјанмарските градови побегнале во бунтовничките делови на државата за да добијат воена обука.