Во среда ексклузивната гала филмска вечер „Кан во Скопје“


Францускиот институт во Скопје и Скопје Сити Мол организираат  ексклузивната гала филмска вечер „Кан во Скопје“, во рамките на одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје. Филмот „Втор чин“ ќе биде премиерно прикажан в среда, 5 јуни  во 20 часот во киното „Синеплекс“.

Се работи за ексклузивна премиера во регионот и филм со којшто се отвори овогодишното издание на Канскиот фестивал, во режија на Кантен Дипје, со Леа Сејду, Луј Гарел и Венсан Лендон во главните улоги. Еве што напишаа француските медиуми за „Втор чин“:

Дипје исклучително вешто ги заобиколува клишеата, спротивставувајќи ѝ се на политичката коректност. Филмот е полн со спонтан хумор. (Фигаро)

„Втор чин“ е несоменено еден од најдобрите филмови на Дипје: прецизно режиран носи рекордно долги кадри. (Пари-Мач)

Дипје е неуморен: тој „поставува на сцена“ четворица збунети ликови и создава од нив една апсурдна фикција. Вистински успех! (Ехо)

Настанот се одржува со поддршка на аптеките „Зегин“, винаријата „Тиквеш“, Пежо-Еуроимпекс и „Публицис“.