Во Србија уште 93 новозаразени, еден починат

Според последните информации, во последните 24 часа во Србија заразени се уште 93 лица, а еден пациент почина.
Со тоа вкупниот број на регистрирани случаи со Ковид-19 порасна на 12.709, а починаа 259.
Во последните 24 часа тестирани се 6.729 луѓе, од вкупнo 332.342.
Во моментот активни се 628 случаи, а 18 пациенти се на респиратор. Стапката на смртност е 2,04 отсто.