Во Словенија 2.245 новозаразени, починаа уште 19 пациенти


Во Словенија во последните 24 часа забележани се 2.245 нови случаи со корона вирсу, што е благ пад во однос на претходната недела, а почина ауште 19 пациенти, покажаа денешните податоци од Националниот инситут за јавно здравје.

Се наведува дека ситуацијата во болниците и понатаму е критична, при што стапката на позитивност е 47,4 отсто.

Владата соопшти дека во моментот во болниците од корона вирус се лекуваат 1.126 лица, 26 повеќе од вчера, а 269 пациенти се на интензивна нега, пренесе СТА.

Најмладиот пациент што е на интензивна нега има 29 години, а најмладиот кој е на редовна нега во болница има 10 години.