Во скопската зоолошка ќе се реновираат живеалиштата за лавови и кенгури


Во Зоолошката градина во Скопје деновиве започнаа подготовките за реновирањето на живеалиштето на морскиот лав, а беше подготвено и новото живеалиште за зебрите Јанош и Јашари кои пристигнаа од Словенија и Чешка.

Во наредниот период, благодарение на спонзори и донатори ќе се реновираат сите живеалишта каде има потреба од подобрување на условите.

Како што информираат од Зоолошката во Скопје, први што ќе се реновираат се реонот „Австралија“, односно живеалиштето на кенгурите и живеалиштето за лавови, а ќе се реновира и разубавува и просторот околу живеалиштата, па така освен животните и посетителите ќе имаат можност да уживаат во сосема нови катчиња.

Во меѓувреме е завршено живеалиштето за шимапнза, а ќе започне да се гради и новото живеалиште за фламинга.