Во Скопје на 5 март доаѓа најдобриот европски филм


Драмата  „Сентиментална вредност“ (Sentimental Value) на норвешкиот режисер Јоаким Триер, за еден остарен филмски режисер и неговата отуѓена ќерка-актерка, доаѓа во Скопје. На репертоарот на Синеплекс ќе биде од 5 март. 

На 38. доделување на Европските филмски награди во Берлин, во јануари, беше прогласен за најдобар европски филм. Освои шест награди. Филмот ги доби наградите за најдобра режија, сценарио, актер, актерка и оригинална музика.

Европската филмска награда за најдобар глумец му припадна на Стелан Скарсгард за неговата улога во филмот „Sentimental Value“, додека наградата за најдобра глумица ѝ припадна на Рената Рејнсве, исто така за нејзината улога во филмот „Sentimental Value“. Наградата за најдобар филмски режисер му припадна на Јоаким Триер, кој го сними филмот „Sentimental Value“. Заедно со Ескил Фогт, Триер доби и признание за најдобар сценарист.

 

 

„Сентиментална вредност“ доби девет номинации за Оскар, меѓу кои за најдобар филм, режисер, најдобра глумица, најдобар глумец во споредна улога, две актерки за споредна женска улога и оригинално сценарио.