Во Шангај: Се отвори највисоката книжарница во светот


Кина– Се отвори највисоката книжарница во светот. Книжарницата е лоцирана на 52-от кат на Shanghai Tower, највисокиот облакодер во Кина.

Книжарницата е на површина од 2.250 квадратни метри, а се наоѓа на висина од 239 метри нудејќи спектакуларен панорамски поглед. Проектот за оваа книжарница е насловен „Книга над облаците“ и токму тоа го нуди – љубителите на книга може да уживаат читајќи покрај или над облаците.

Книжарницата има и други функции – просторија за предавање, изложбен простор и две кафетерии. Инаку, располага со над 60.000 книги.

Интересни се проѕирните полици за книги кои потсетуваат на апстрактни планини.