Во руски ракетен напад на Полтава загинаа најмалку 50 лицa
Нападот беше извршен со две балистички ракети „Искандер ОТРК“
Руската армија изврши балистички ракетен напад врз Институтот за комуникации во Полтава, при што загинаа 50 лица, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Ударот ја погоди територијата на образовна институција и блиската болница. Делумно е уништена една од зградите на Институтот за комуникации. Луѓето се под урнатините. Многумина се спасени. Повеќе од 180 луѓе се повредени. За жал, многумина загинаа Засега се знае дека загинале 41 лице“, напиша шефот на државата на својот канал на Телеграм.
Според него, руските војници извршиле напад со две балистички ракети. Зеленски нареди целосна и брза истрага за сите околности на инцидентот.
Украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко извести дека спасувачите го локализирале пожарот и продолжуваат со расчистување на урнатините; 11 лица се извлечени од под урнатините на зградата. Ударниот бран ги урна прозорците на околните куќи.
„Полицијата оди од врата до врата за да провери дали има жртви. Веќе се евидентирани стотина пријави за оштетен имот“, заклучи тој.
Шефот на регионалната администрација, Филип Пронин, извести дека во регионот е прогласена тридневна жалост за жртвите.
Украинските воздухопловни сили појаснија дека балистичкото оружје лета многу брзо. Ваквите проектили се најопасни за регионите на фронтот.
„Алармот беше прогласен, но, за жал, дури и за регионот Полтава, времето за одговор на заканата е многу кратко, буквално прашање на минути. Балистиката, особено за регионите на фронтот, е крајно опасна“, нагласија од воздухопловните сили на земјата.
Според Z-каналите, руската армија извршила напад со помош на „Искандер ОТРК“, а самиот напад бил извршен во моментот кога на територијата на школата за комуникации имало голем број воени лица.
Ден претходно руската армија изврши масовен ракетен напад врз главниот град на Украина. Според шефот на Киевската градска воена управа Сергеј Попко, во нападот биле користени крстосувачки и балистички ракети.
Според него, околу три часот руски стратешки бомбардери лансирале крстаречки ракети „Х-101“ од областа Саратов. Кога се приближуваа до Киев, кон главниот град беа лансирани севернокорејските балистички ракети „КН-24“ и руските ракети „Искандер-М“, како и едно јуришно беспилотно летало.