Во Ростуше, Велебрдо и Требиште предавале наставници без факултет
ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против против А.С.(64) од с.Ростуше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“. Во периодот од 2024 до 2025 година, пријавениот како директор во основно училиште во с.Ростуше, ја злоупотребил службената положба и овластување на тој начин што овозможил вработување на несоодветен кадар, односно нестручни наставници кои предаваат на ученици во с.Ростуше и одделенски наставници во с.Велебрдо и с.Требиште а немале завршени студии.
Тие не биле соодветни да извршуваат настава согласно Законот за наставници и стручни соработници, а било констатирано од страна на Државен просветен инспекорат при инспекциски надзор од 19.09.2025.