Во Прилеп премиера на претставата „Пипи долгиот чорап“


Во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп денеска премиерно ќе биде изведена претставата „Пипи долгиот чорап“ според текстот на шведската авторка Астрид Линдгрен во драматизација на Ивана Нелковска, а во режија на Кристина Димитрова.

Во претставата играат Ангела Наумоска, Наташа Ачански, Александар Тодески, Димитар Ѓорѓиевски и Михајло Миленкоски. Музиката е на Томе Темелкоски, сценографијата на Бојана Артиновска Трпческа, а костимографија и дизајн на плакатот на Христијан Нашуловски.