Во пораст случаите на „синдром на скршено срце“ кај жените во средни години


 

Според најновата студија, случаите со „синдром на скршено срце“ се во пораст во САД, особено кај жените на средни години.

Синдромот, формално познат како такоцубо или стресна кардиомиопатија, произведува симптоми кои се чувствувата како срцев удар.

Синдромот е предизвикан од физички или емоционален стрес кој доведува до дисфункција на срцевите мускули, а повеќето пациенти се опоравуваат за неколку дена.

Истражувањето објавено минатиот месец во „Журналот на Американската асоцијација за срце“, откри дека жените на возраст од 50 до 74 години се најистакната група во ризик од овој синдром.

Користејќи податоци од базата на податоци на националните болнички примероци, истражувачите проучувале 135.463 случаи на синдромот на скршено срце пријавени во периодот од 2006 до 2017 година. Додека дијагнозите се зголемувале кај лицата од двата пола и сите старосни граници, зголемувањето со текот на времето најизразено е кај жени на возраст од 50 и повеќе години.

„Постои нешто што потенцијално се случува околу перименопаузата, така што го опфаќа периодот од 50 до 74 години„, вели д-р Сузан Ченг, авторка на студијата и директорка на истражувањето на јавното здравје на Институтот за срце во Лос Анџелес.

Минатата година мала студија покажа дека бројот случаи со синдром на скршено срце се зголемува поради пандемијата од Ковид.