Во пет скопски општини има повеќе од 6.500 заболени од Ковид-19


Фото: Б. Грданоски

Со денешните 544 позитивни на Ковид-19 во Скопје, распоредот по општини остана речиси ист, па се уште на врвот е Гази Баба со 1.462, а следува Аеродром во 1.433.

Уште три општини, Карпош, Центар и Кисела Вода, имаат повеќе од 1.000 заболени. Заедно, овие пет општини, имаат повеќе од 6.500 активно заболени од корона вирус, а во главниот град, вкупно има 9.854 активни случаи.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 621
• Гази Баба – 1.462
• Аеродром -1.433
• Карпош – 1.211
• Центар – 1.188
• Кисела Вода – 1.207
• Ѓорче Петров – 811
• Бутел – 539
• Шуто Оризари – 179
• Студеничани – 51
• Сарај – 148
• Арачиново -36
• Илинден – 246
• Сопиште – 62
• Чучер Сандево – 103
• Петровец –124
• Зелениково -68
• Странец – 174
• Нераспределен- 191