Во Нигерија најден трет сој од корона вирусот?!
Изгледа во нигерија се појави уште една варијанта на корона вируспт. изјави денеска шефот на Африканскиот центар за контрола и превенција од болести, Џон Нкенгасонг.
Додаде дека поради тоа треба да се спроведе понатамошна истрага.
Тоа е различна варијанта ово однос на овие во Велика Британија и Јужна Афирка, рече Нкенгасонг пред новинарите, пренесе АП.
Вели дека нигерискиот Центар за контрола на болести и Африканскиот центар, анализирале одреден број примероци. „Дајте ни малку време… Се уште е рано., додаде Нкенгасонг.
Предупредувањето за постоењето на нова варијанта од корона вируот се заснова на две или три генетски секвенци, вели тој.
Африканскиот континент има повеќе од 2,5 милиони потврдени случаи со корона вирус, или 3,3 отсто од глобалните случаи.
Инфекцијата ширум континентот порасна за 10,9 отсто во последните четири недели, вклучувајќи го растот од 52 отсто во Нигерија и 40 проценти во Јужна Африка.