Во Москва претепан младиот блогер и жесток опозиционер, Јегор Жуков
Угледниот руски опозициски блогер Јегор Жуков е претепан во Москва, пишува Би-Би-Си.
Неговите приврзаници објавија фотографија на Фејсбук од крвавото и отечено лице на Жуков. Нападот се случил вчера во близина на неговата куќа.
Во декември минатата година, Жуков доби тригодишна условна казна за „поттикнување екстремизам“ и му беше забрането да работи веб-страници и платформи, па неговите активности ги презедоа соработниците.
Тој на истражителите им кажал дека бил нападнат и повреден од две непознати мажи, пренесуваат руските медиуми.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека полицијата го истражува нападот.