Во Мјанмар по воениот удар уапсени најмалку 147 луѓе


Најмалку 147 лица се уапсени во Мјанмар по овонеделниот воен удар, вклучително активисти, пратеници и владини претставници, соопшти денеска Здружението за помош на политичките затвореници (ААПП).

ААПП, кое постои уште од ерата на претходната хунта, соопшти дека уапсени се 133 владини претсатвници и пратеници и 14 граѓански активисти.

Војската на Мјанмар на 1 февруари воведе вонредна состојба, ја презеде власта во државата и потврди дека уапсила високи владини функционери под обвинување за измама на минатогодишните избори.

Власта ја презеде командантот на вооружените сили генерал Мин Аунг Хлаинг, кој смени 24 министри и заменици и менува 11 нови министри.