Во Мајами Бич се урна облакодер, не се знае дали имало луѓе во него


 

На сред ноќ, во Мајами Бич, САД, делумно се урна зграда, а противпожарната служба прати 80 едини, соопштија на Твитер.

Не се знае колку луѓе биле во зградата, но локалните медиуми јавуваат дека се слушаат повици за помош под рушевините.

Си-би-ес њус јавува дека најмалку двајца се пренесени во болница.

Американските медиуми пишуваат дека не знаат ништо за несреќата, нема информации дали имало луѓе во зградата, ниту дали има жртви или повредени. Полицијата им забрани пристап на новинарите.

Засега нема информации за жртви, но пожарникарите соопштија дека акцијата за спасување е во тек.

Не е познато што го предизвикало рушењето на зградата на крстосницата меѓу 88 улица и авенијата Колинс, пишува Еј-би-си њус.