Во мај и јуни над 5.000 занаетчии добиле субвенции за минимална плата


Вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска денеска се сретна со претставници на фризерските салони со кои разговараше за нивното работење за време на корона кризата.

Царовска на средбата истакна дека во изминатиот период Владата донесе три сета економски мерки со коишто освен микро, малите и средните бизниси беа опфатени и занаетчиите, односно самостојните вршители на дејност.

-Според последните податоци над 5.000 занаетчии во месеците мај и јуни ја искористија мерката за финансиска помош за исплата на плати од 14.500 денари. Со оваа мерка на занаетчиите каде што влегуваат и фризерите им овозможивме полесно премостување на периодот кога целосно не работеа, посочи Царовска.

На средбата се дискутираше и за идните предизвици и мерки за олеснување на работата на фризерите и другите самостојни вршители на дејност.