Во Ливерпул такси експлодира пред болница, еден мртов


 

Противтерористичкта полиција уапси три лица откако експлодира возило пред болница за женски болести во Ливерпул на северот на Англија, при што едно лице загина, едно е повредено, објави полицијата.

Патникот во автомобилот е прогласен за мртво на лице место, а возачот е повреден и однесен во болница.

Министерката за внатрешни работи Прити Пател твитна дека редовно ја известуваат за инцидентот.

Тројца мажи на возраст од 29, 26 и 21 година се упасени во квартот Кенсингтон според законот за тероритзам, соопшти полицијата.

Засега е познато дека автомобилот всушност бил такси, кој сопрел пред болницата непсредно пред експлозијата во 11 часот.

„Се обидуваме да сфатиме што се ја предизвикало експлозијата, но со оглед на тоа како се случило, противтерористичката полиција води истрага со помош на полицијата мерсисајд“, велат од полиција.

Инциденот не е уште прогласен за терористички чин.