Во лето пијте повеќе чај од кафе


Кафето е омилен пијалак низ светот, а многу луѓе не можат да замислат да го започнат денот без шолја од овој топол напиток. Покрај тоа што кофеинот нè подигнува, докажано е дека овој магичен пијалак позитивно влијае и на нашето здравје. Пиењето три-четири шолји инстант кафе дневно го намалува ризикот од разни здравствени проблеми, вклучувајќи срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и некои видови рак.

Но дали консумирањето кафе веднаш по будењето навистина е добар избор за вашиот стомак и мозок, особено кога надвор е многу топло?

Лекарите велат дека не е добро да се консумира премногу кафе, особено во текот на летото. Кафето се пече на високи температури, до 300 степени, што создава 19 канцерогени материи.

Многумина погрешно го започнуваат денот со кафе наместо со вода, бидејќи една шолја кафе исфрла седум пати повеќе течност од телото отколку што внесуваме. Тоа доведува до дехидрација на ткивото и проблеми со крвните садови.

Кафето во лето може да биде особено штетно бидејќи дополнително го промовира излачувањето течности, зголемувајќи го ризикот од дехидрација. Наместо кафе, се препорачува консумирање на разладени чаеви од нане, липа или од хибискус, по можност засладени со мед.