Во Кривичниот суд вчера, млад скопјанец сакал да влезе со два ножа и сатар


Фото: Б. Грданоски

Во средата, во 10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Основен кривичен суд Скопје, при преглед за влез, во ранецот на М.К.(20) од Скопје, службеник во судска полиција пронашол и одзел два ножеви и еден сатар.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.