Во хотел во Скопје пронајдена почината 24-годишна охриѓанка


Фото: Б. Грданоски

Вчера, околу 19.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во хотел на подрачјето на Центар во Скопје била пронајдена почината 24-годишната Г.Ј. од Охрид, вработена на рецепција за казиното.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.