Во Кавадарци настан за развивање на мрежата на згрижувачки семејства


 Развивање на мрежата на згрижувачки семејства, е целта на настанот што се реализираше денеска во салата на општинската зграда во Кавадарци во организација на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства.  

Александра Ивановски, раководителка на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства, појасни дека почнале со работа од 2021 година.

– Оваа услуга е многу битно да биде развиена во нашата држава. Битна е, бидејќи се грижи токму за децата кои од какви било причини, останале без родителска грижа. Како на пример сиромаштија, дисфункционално семејство, семејно насилство, сериозна болест што ги ограничува родителите. Во такви услови, овие деца се згрижуваат во згрижувачки семејства. Бидејќи, според стручни истражувања, најдобро место за живеење на деца, доколку не се во биолошко семејство, се згрижувачките семејства, подвлече таа.  

Притоа изрази благодарност до присутните и за поддршката од локалната самоуправа, во напорите да се развие мрежата на згрижувачки семејства во општината Кавадарци и пошироко.

Ивановска на настанот ги сподели и информациите околу тоа, колкави се надоместоците за згрижувачките семејства, што ја вршат оваа благородна работа./МИА