Во канал на Флорида најдени тела на две девојчиња – мајката под истрага
Полицијата во градот Лоредхил на Флорида, вчера соопшти дека под истрага е мајката на двете девојчиња кои се најдени мртви, а нивните тела пловеле во каналот близу нивниот дом.
Мајката Тинеси Хоган е лоцирана, но засега не е уапсена. Таа не го пријавила исчезнувањето на девојчињата.
„Полицијата ја контактираше, во моментот се наоѓа во заедницата“, вели почручник од полицијата.
Девојчињата Дестини (9) и Дајша (7) последен пат се видени на почетокот на неделава.
Сосетката Луана Џонсон го нашла едното тело.
„Доживеав шок. Се смрзнав, а потоа почнав да плачам“, сведочи таа.
Телата се откриени во вторникот. Полицијата најпрво околу пладне примила дојава за тело кое плута во каналот, се работело за Дестини, а потоа, осум часа подоцна добиле втора дојава за телото на нејзината сестра, пронајдена во истиот канал.
Сведоците велат дека девојчињата на себе имале пижами со цветчиња.
„Еден од соседите забележал дека нешто плови во водата. Отидовме да погледнеме за што се работи и го видовме девојчето. Мало девојче. Нелие дете“, вели Џонсон.
Властте велат дека за сега не е познато колку долго нивните тела биле во водата, но веруваат дека се подолго од неколку дена. Се чекаат наодите од обдукцијата.