Во Канада пронајдена англиска паричка искована 70 години пред откривањето на Америка


 

Откритието на златната паричка на јужниот брег на Њуфаундленд во Канада може да ги доведе до историскиот наратив за првиот европски контакт во регионот, затоа што претходи на доаѓањето на истражувачот Џон Кабот на островот најмалку 70 години.

Во соопштението за јавност минатата недела, Владата на Њуфаундленд и Лабрадор рече дека англиската паричка во текот на летото 2022 година ја пронашол Едвард Хајнс, локален историчар, кој ја пријавил на надлежните според Законот за историски ресури на покраината. Паричката е стара 600 години и му претходи на првиот документиран контакт на Европа со Северна Америка.

По консултација со Пол Бери, поранешниот кустос на Музејот за пари на банката на Канада, утврдено е дека паричката од времето на Хенри VI и дека е кована во Лондон меѓу 1422 и 1427 година. Паричката денес би можела да вреди опколу 61 американски долари.

Пред ова откриетие, паричка искована во 1490-тите пронајдена е во 2021 година на локалитетот Купидс Ков плантејжн и се сметаше за најстара англиска паричка некогаш пронајдена во Канада.

Бидејќи Бери вели дека паричката веројатно била во оптек кога била изгубена, постојат многу нагаѓања за тоа како точно стигнала во Њуфаундленд и лабрадор. Точната локација на откритието се држи во тајност за да се обесхрабрат ловците на богатство.

Во интервју за Си-би-си, археологот Џејми Блејк, вели дека по завршувањето на студијата која е во тек паричката ќе биде јавно исложена во музеј.

Приказните за доаѓање на Викинзите содржани се во исландските саги, како посетата на Леиф Ериксон пред повеќе од 1000 години и археолошките докази за нордиска населба, која е пронајдена во Ланс и Медоус, а кое е прогласено за место од културно наследство на УНЕСКО.

Останатите непотврдени извештаи за европски контакти вклучуваат приказни од англиските Каналски острови за брод кој во доцниот 15 век скршнал од курсот во чудна земја полна риби.

Во 1583 година Њуфаундленд станал првиот посед на Англија во Северна Америка, а воспоставувањето на риболовот на надворешниот брег на островот го отсекла локалното население од пристапот до изворите на храна.

„Некое време постоеја некои сознанија за присутност на Европа пред 16 век исклучувајќи ги Викинзите. Можноста за окупација пред 16 век е неверојатно откритие“, порача археологот Блејк.