Во Јакутија повторно измерени -47 степени Целзиусови
Во рускиот регион Јакутија, област што се смета за најстудено место за живеење на планетата, температурата повторно достигна екстремни минус 47 степени Целзиусови, пишуваат руските медиуми.
Јакутија е најголема руска автономна република според територија, а ја зазема целата територија на источен Сибир и се наоѓа во североисточниот дел на евроазискиот континент.
Повеќе од 40 проценти од територијата на оваа републиката се наоѓаат зад Арктичкиот круг.
Вкупната површина на арктичката област на републиката е речиси 1,6 милиона квадратни километри, што претставува околу 52 проценти од нејзината територија.