Во Хрватска зимата стигна во полн сјај, но снегот предизвика неволји во сообраќајот


 

Главниот град на Хрватска, Загреб побеле од снег доцна попладнево, а метеоролозите очекуваат снегот да паѓа до раните утрински часови. Првите снежни врнежи веќе предизвикаа хаос во сообраќајот, додека бурниот ветер предизвикува проблеми на крајбрежјето.

Хрватските патишта (ХАЦ) ги повикаа возачите да го прилагодат возењето според временските услови, особено затоа што многу патишта сè уште не се исчистени. ХАЦ наведува дека тоа ќе се направи само кога снегот ќе престане да паѓа.

„Возачите го потценуваат ваквото време. Многу е опасно да се вози по снежен коловоз, треба да се прилагоди брзината и да се успори. Треба да се следи сигнализацијата. Возачите нека избегнуваат вакви опасни ситуации. Ако на динамичнаѕа сигнализација пишува ограничување од 60 км/ч, треба да се држите до ограничувањето. Ние ја следиме ситуацијата во сообраќајот и ја прилагодуваме сигнализацијата“, вели Валентин Црљенко, од ХАЦ.

Имало и неколку помали несреќи.

Снегот предизвика и одложувања, па колона долга 5 километри била создадена на автопатот А1 во правец на Загреб.

За разлика од внатрешноста, која се бори со снегот, силниот ветер и дождот предизвикуваат проблеми на крајбрежјето.

Снегот ги покри и ски центрите во Босна и Херцеговина. Љубителите на зимските спортови веројатно ќе се израдуваат бидејќи според временската прогноза обилниот снег продолжува да паѓа и не се топи.