Во Хрватска нови 1.074 случаи со Ковид-19, починаа 19 пациенти
Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 1.074 нови случаи со корона вирус, а бројот на активни изнесува 7.913.
Меѓу нив, 823 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор има 107 пациенти. Истовремено починаа 10 пациенти од последиците на ковид-19.
Во последните 24 часа тестирани се 9.320 луѓе.