Во Хавана воведен полициски час поради Ковид-19


Куба

Поради зголемувањето на бројот на заразени со корона вирусот, во кубанскиот главен град Хавана е воведен полициски час, а на граѓаните им е забрането да патуваат во други делови на земјата, информира гувернерот на Хавана, Реиналдо Гарсија Запата.

Полицискиот час почнува на 1 септември од 19 до 17 часот и ќе трае најмалку 15 дена, рече Запата и најави дека казните за сите што не носат маски или консумираат алкохол на јавни места ќе бидат построги.

Иако државата прогласи победа над вирусот, Хавана се соочува со големи проблеми во вториот бран на епидемијата.

Според универзитетот Џонс Хопкинс, во 11 милионската Куба до сега има 3.806 заразени со Ковид-19 и 92 смртни случаи.