Во Гостивар жена тешко повредена во сообраќајка, возачот побегнал


 

Полицијата трага по возач кој претпладнево удрил повозрасна жена на улица во Гостивар и тешко ја повредил.

Од СВР Тетово информираат дека денеска околу 10 часот, во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Илинденска” во Гостивар, патничко моторно возило, кое веднаш го напуштило местото, удрило во 69-годишната гостиварка Л.А. Во несреќата, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”, каде била пренесена за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото-учесник во сообраќајната несреќа