Во една земја нема Ковид-19, другите воведуваат полициски час
Единствено Северна Кореа и понатаму нема забележан ни еден случај со корона вирус, покажа последниот извештај на Светската здравствена организација.
Досега во таа земја тестирани се 10.462 лица и до 29 октомври никој не бил позитивен на корона вирус, а идентификувани се 5.368 сомнителни на Ковид-19, од кои осум биле странци, пренесе Јонхап.
Во Бразил е критично
Бразил пријави 8.501 нови потврдени случаи на корона вирус во понеделник и 179 смртни случаи од Ковид-19, соопшти министерството за здравство. Јужноамериканската земја до сега регистрира 5.554.000 случаи од почетокто на пандемијата, додека официјалниот број на починати порасна на 160.253, според податоците на министрерството, во најфаталанта епидемија на светот надвор од САД, пренесе Ројтерс.
Австрија воведе полициски час
Од денеска е во Австрија, во согласност со новите мерки за намалување на пирењето на корона вирусот, стапи на сила уредбата која предвидува долго „заклучување“, Овој пат, полициски час трае од 20 часот до 6 наутро. Австрија воведе уште строги мерки.
Мерките во Германија не помагаат
Во Германија потврдени се нови 15.352 случаи со корона вирус, соопшти денеска Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“. Во последните 24 часа од последиците на вирусот починале 131 пациент, пренесе Ројтерс.