Во декларацијата од Брдо ќе се бара исполнување на договорите за билатерални прашања
Декларацијата што ќе биде ставена на маса на Самитот во Брдо, а во која Радио Слободна Европа има увид, покрај поддршката за интеграции, содржи и акценти на ригорозни услови, исполнување на договорите за решавање на билатерални проблеми, како и поддршка за борба со пандемијата, криминалот, корупцијата, тероризмот…
– Ние, лидерите на Европската унија (ЕУ) и нејзините земји-членки, во консултација со лидерите на Западен Балкан и во присуство на регионални и меѓународни чинители, денес го заклучивме следново: ЕУ ја потврдува својата недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западен Балкан и ја поздравува посветеноста на партнерите од Западен Балкан кон европската перспектива, што е во наш заеднички стратешки интерес и останува наш заеднички стратешки избор, пренесе РСЕ.
Ова стои во драфт верзијата на Декларацијата која на 6 октомври во Брдо кај Крањ, во Словенија, ќе биде ставена на маса за потпис на Самитот ЕУ – Западен Балкан.
ЕУ декларацијата подготвена за Самитот во Брдо содржи 29 параграфи, поделени во четири тематски целини – Декларацијата „Брдо“, Ковид-19, Економски и инвестициски план за Западен Балкан и Политичка и безбедносна соработка. Покрај поддршката од членките на Унијата, Декларацијата содржи и напомена дека „ЕУ ја потврдува својата посветеност кон процесот на проширување и нејзините одлуки донесени врз основа на веродостојни реформи од страна на партнерите, правична и ригорозна условеност и по принципот на сопствени заслуги“.
Унијата во посебна точка го наведува признавањето на напредокот на регионот, како и тоа дека го одржува развојот кој обезбедува капацитет за интегрирање нови членки, пренесува РСЕ.
– Ние дополнително ќе го интензивираме нашиот заеднички ангажман за да ја продолжиме политичката, економската и социјалната трансформација на регионот, истовремено признавајќи го напредокот постигнат од Западен Балкан. Исто така, потсетуваме на важноста што ЕУ може да го одржи и да го продлабочи сопствениот развој, обезбедувајќи го нејзиниот капацитет за интегрирање на нови членки, стои во драфт верзијата на Декларацијата подготвена за Самитот во Брдо на 6 октомври.
Членките на Унијата и во Декларација ја нагласуваат важноста од почитувањето на добрососедските односи во регионот, и исполнувањето на Договорот од Преспа на Северна Македонија со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, како и пронаоѓање и спроведување на конечни, инклузивни и обврзувачки решенија за билатералните спорови на партнерите и прашањата вкоренети во наследството од минатото, во согласност со меѓународното право и воспоставените принципи.
Дипломатски извори од Брисел вчера брифираа дека поддршката на ЕУ за проширувањето се предвидува да биде спомената во завршната декларација на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо во Словенија, како и тоа да се каже дека Унијата ја реафирмира поддршката за регионот и има капацитет да апсорбира нови членки, но тоа ќе биде условено со нејзиниот капацитет за проширување.
Вратата за членство во ЕУ не може да се каже дека е затворена, брифираат дипломатските извори од Брисел, но кога е во прашање п