Во Црна Гора лани странците купиле недвижности за 170 милиони евра, најмногу Русите и Србите


Во Црна Гора минатата година странците купиле недвижен имот во вредност од 169,99 милиони евра, што е за 12,6 милиони помалку од една година порано. Најголеми купувачи се Русите, Србите и Турците, покажуваат податоците објавени денеска од Централната банка.

Минатата година, граѓаните на Руската Федерација тргуваа со недвижнини за речиси 39 милиони евра, што е на исто ниво како и претходната година, а веднаш зад нив се државјаните на Србија кои за недвижнини потрошиле 16,6 милиони евра или 2,1 милиони повеќе отколку во 2018 година. Турците, пак, тргувале со 12,7 милиони евра.

Меѓу најголемите купувачи на недвижнини, кои тргувале со над десет милиони евра, се државјани членки на НАТО – Американци со потрошени 10,7 милиони евра и Германци, кои тргувале за 10 милиони евра.

Меѓу поголемите трговци со недвижнини во Црна Гора се Швајцарците, но информациите за нивната трговија се тајни.

Минатата година жителите на Косово се појавија како значајни купувачи на недвижнини во Црна Гора, тргувајќи за 4,39 милиони евра, а милион повеќе инвестираа Унгарците, кои потрошија 5,15 милиони евра на недвижен имот.

Граѓаните на Албанија се повеќе се заинтересирани за недвижнини во Црна Гора, па затоа за овие цели издвојуваат скоро два милиона евра, додека Австријците купуваа за 2,7 милиони, а Чесите за 2,8 милиони евра.