Во Чешка рекорден број новозаболени од корона вирус
Рекордни 1.677 случаи на корона вирус се регистрирани во Чешка денеска, во време кога земјата се соочува со повторно оживување на пандемијата.
Досега се регистрирани вкупно 38.896 заболени во Чешка, земја со 10,7 милиони жители, покажуваат податоците објавени од Министерството за здравство, пренесува „Ројтерс“.