Во Чешка најмногу заболени во еден ден
Чешка на 1 ноември забележа 7.591 нови случаи со ковид-19, што е најмногу во еден ден од почетокот на епидемијата, јави шекото радио.
На истиот ден лани, биле забележани 4.277 новозаразени, потсетува Ројтерс.
Во оваа земја која има 10,7 милиони жители, во болница се лекуваат 1.813 луѓе од Ковид-19, а 284 се на интензивна нега.
Заклучно со вчера, вакцинирани се 6,09 милиони граѓани на Чешка.